Жител на Дебар е уапсен во Охрид при кражба на велосипед

by Fokus

Полициски службеници во Охрид лишиле од слобода жител на Дебар при кражба на велосипед.

– Синоќа во 20 часот, на улицата „Никола Карев“ во Охрид, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Охрид го лишија од слобода Ш.Р.(38) од Дебар. Тој бил затекнат при обид да одземе велосипед пред влез во зграда на истата улица – информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР-Охрид.

Според него по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости