Жител на Босилово загина откако со својот автомобил удрил во дрва

by Fokus

Едно лице на 61 годишна возраст од село Босилово загина во сообраќајната несреќа што се случи претпладне во 10:40 часот на патот Струмица-Ново Село, пред влезот во Босилово.

Според првичните информации, автомобилот марка „фиат браво“ од засега непознати причини излетал од патот и се забил во дрва покрај коловозот, а возачот починал на местото на несреќата.

Од силината на ударот автомобилот е целосно уништен, а во извлекувањето на починатиот возач учествувале шест пожарникари со специјална хидраулична алатка.

Поврзани новости