Жител на Арачиново неовластено поседувал муниција

by Fokus

Неовластено поседувана муниција составена од куршуми со калибар 7,62мм и 7,9мм била пронајдена при претрес во дом кај Н.Г. во село Арачиново, информираат од Министерство за внатрешни работи.

Како што информираат оттаму, по претходно издадена наредба за претрес на дом и други простории од страна на Судија на претходна постапка, вчера, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје извршиле претрес во дом кај Н.Г. во село Арачиново кој во моментот не бил дома.

При претресот била пронајдена муницијата која тој неовластено ја поседувал, а по целосно документирање на случајот од страна на СВР Скопје до надлежното Јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани новости