Жирафата Флопи угинал како резултат на малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови, покажале резултатите од обдукцијата.
„Врз основа на патохистолошки наод, и микробиолошкиот и молекуларен наод од Факултетот за ветеринарна медицина добивме заклучок во кој се констатира дека Флопи угинал како резултат на Малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови.
Оваа подмолна болест е една од најфаталните во 21 век, од која како и луѓето, страдаат и голем број животни. Ракот на црниот дроб се смета за „тивок убиец“, а кај Флопи агресивен карцином веќе метастазирал и во белите дробови, кој тешко се дијагностицира во рана фаза.
Се уште сме тажни поради оваа голема загуба, бидејќи во ЗОО Скопје вработените и животните, сите заедно, сме едно големо семејство. Флопи ќе го паметиме по неговата грациозност, специфичните шари на телото, неговата голема љубов кон зоонегувателите импосетителите, како и по мирниот карактер. Еден дел од нашите срца засекогаш ќе остане празен после неговото заминување“ се наведува во соопштението од Зоо Скопје.