1.7K
Актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски имаше 3 години да покаже дека сме сериозна структура со конзистентни политики, која прво ќе ја освои, а потоа ќе ја оправда довербата, вели градоначалникот на Илинден Жика Стојановски, кој е и член на Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес на партијата.
-За жал, не успеа ниту на претседателските, ниту на локалните избори во Охрид и Ново Село, ниту на последните парламентарни избори. Затоа, време е за вонреден конгрес на кој што ќе избереме ново раководство кое што ќе го врати ВМРО-ДПМНЕ на победничките патеки – вели Стојановски.
Инаку, тој е можеби единсвениот актуелен јавен функционер што ја поддржува оваа иницијатива, каде досега како фронтмени се јавија поранешни функционери – Ивица Коневски, Филип Петровски, Петре Латиновски, Борче Стамов…