Жичницата на Водно привремено нема да биде во функција

by irena 20:42
20:42

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува корисниците дека жичницата „Милениумски крст ” привремено нема да биде во функција.

Како што наведоа од ЈСП, причината за привремениот прекин е поради изведување на технички активности.

Од таму посочија дека веднаш штом се создадат соодветни услови за повторно работење, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците во вообичаеното работно време.

Од ЈСП им се заблагодарија на граѓаните на разбирањето.

Слични вести