359
Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утре, поради празникот 1 Мај, ќе сообраќаат по неделен возен ред, а билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.
Жичарницата на Водно од утре ќе работи од 10 до 20 часот.
– Од мај жичарницата работи два часа повеќе од изминатиот период, односно од 10 до 20 часот, согласно одлуката за работното време за период мај – септември. Од 19 – 19.30 часот е последното возење од долу нагоре, а во 19.45 часот ќе биде последното возење од горе надолу, објави ЈСП.