209
Јавното сообраќајно претпријатие информира дека жичарницата нема да работи.
Причината како што велат е силниот ветер.
„Почитувани, Ве информираме дека Жичарницата нема да почне со работа во вообичаениот термин од 10 часот, поради силниот ветер. Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичарницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од таму.