Бројот на загинати во рускиот воздушен напад на хипермаркетот „Епицентар“ во Харков, на североистокот на Украина, се зголеми на 12, а 43 лица се повредени, соопшти обвинителството на регионот Харков.
Две руски наведувани бомби вчера попладне го погодија градежниот хипермаркет „Епицентар“, изјави регионалниот гувернер Олег Синегубов на националната телевизија.
Ударите предизвикаа голем пожар, со густ, црн чад стотици метри во воздухот.
Според локалното обвинителство, телата на десет од 12-те жртви се уште не се идентификувани.
Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, изјави дека во моментот на рускиот напад во хипермаркетот имало околу 120 луѓе.
– Нападот беше насочен против трговски центар во кој имаше многу луѓе – ова е очигледно тероризам – рече Терехов.
Министерот за внатрешни работи на Украина Игор Клименко на Телеграм напиша дека 16 лица сѐ уште се водат како исчезнати по синоќешниот напад во Харков.