Жестоки судири на полицијата со демонстрантите во француско село, има повредени

by fokus

Министерот за внатрешни работи на Франција, Жерал Дарманин, изјави дека во денешните судири во селото Сен-Солен на југозападот на Франција, еден демонстрант и еден полицаец се тешко повредени.

Двете лица со хеликоптер биле пренесени во болница, а уште 30 други луѓе се повредени.

Некои демонстранти биле вооружени со мачети, секири и молотови коктели, тврди Дарманин.

Организаторите на протестот пак соопштија дека биле повредени околу 200 демонстранти, а 40 од нив имале длабоки рани, наводно од полициски проектили.

Жителите на ова француско село протестираа поради изградбата на голем резервоар за вода во областа.

Поврзани новости