Протестите кои вчера повторно избија во Париз по неуспешната средба меѓу француската премиерка Елизабет Борн и синдикатите во врска со законот за реформа на пензискиот систем, ескалираа покрај омилениот паб на францускиот претседател Емануел Макрон.
Во пивницата Ротонд била запалена тендата. Демонстрантите таму ја гаѓаа полицијата со камења, шишиња и бои, а овој бар во Франција е добро познато по тоа што таму беше организирана славеничка вечера за Макрон по водството на првиот круг од претседателските избори во 2017 година.
Полицијата двапати употребила солзавец на протестите во Лион и еднаш во Нант. Протестите во другите градови низ Франција беа главно мирни.
Лоран Берже, лидерот на најголемиот синдикат во земјата Se-Ef-De-Te (CFDT) повика што е можно повеќе работници да се приклучат на маршовите низ Франција, кои ќе се одржат денеска.
За време на протестите, група од 111 лица се приведени. Повредени се 154 полицајци и жандарми, од кои некои потешко.
Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин изрази поддршка за полицијата, жандармите и пожарникарите кои ги штитат демонстрантите и јавниот и приватниот имот.