Актуелниот скопски градоначалник и кандидат на СДСМ за уште еден мандат Петре Шилегов и кандидатката поддржана од опозицијата Данела Арсовска влегоа во жесток дуел на денешната дебата на Телма.
Арсовска го обвини Шилегов дека лажно им ветувал на многу граѓани решавање на проблемите, вклучително и со водоснабдувањето.
Притоа, Шилегов ја обвини Арсовска за непознавање на надлежностите на Град Скопје, бидејќи, посочи тој, местата што ги споменува се надвор од Генералниот урбанистички план, за кој е надлежен Градот.
Арсовска, пак, реагираше дека Шилегов се однесува несоодветно кон неа и другите противкандидати со тоа што ги обвинува за непознавање и неподготвеност.
Покрај, тоа таа истакна дека тоа е одлука на неговата, како што рече, култура и домашно воспитување.