658
Украинскиот град Харков денеска е цел на напади и во регионот се водат „жестоки битки“, изјави регионалниот гувернер Олег Синегубов.
Како што пренесува Би-Би-Си, тој вели дека руските војници зад себе оставиле „стапици“ и ги повика жителите да останат во засолништата и „да не брзаат кон ослободените населби“.
– Непријателот е подмолен и прави сè за да повреди што е можно повеќе цивили меѓу Украинците, објави тој преку Телеграм.
Синегубов додаде дека благодарение на успешните офанзивни операции на украинските сили, неколку блиски градови се ослободени