Кога јавноста дозна дека пропадна Еуростандард банка, нејзиниот мнозински сопственик, Трифун Костовски на првата прес-конференција, ниту еднаш не го спомена името на извршниот директор на Комерцијална банка, Хари Костов. Но, од тогаш, па досега, името на Комерцијална банка цело време се провлекува во откривањето на вистината зошто пропадна банката.
-Доколку опстоеше Еуростандард банка, дефинитивно ќе излезеа на виделина сите незаконски дејства во двете банка и многу веројатно одговорните лица ќе се соочеа со конкретни тужби за криминално здружување. Истрагата за овој случај на која работам повеќе од една година, многу јасно укажува за начинот како се злоупотребува банкарскиот систем, а ве убедувам дека независно од функциите што сум ги имал во банката, таквиот систем беше многу вешто криен од мене, за жал, вели Костовски за „Фокус“.
Еден од највлијателните банкари во изјава за „Фокус“, Хари Костов, пак, вели дека нема намера да одговара на обвинувањата на Костовски дека Еуростандард банка пропаднала.
–Ние двапати одговоривме на неговите лажни обвинувања и еднаш на Здружението на штедачите и немаме намера веќе да одговараме на вакви лаги и конструкции и да се занимаваме со Трифун и со Еуростандард банка. Меѓутоа, кога Трифун лаже, барем треба да си ги провери датумите за да не се фаќа во лага, вели Костов за „Фокус“.
Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.
Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ