Жесток дуел меѓу Илиевски и Димитриевски: Кој ја поскапе водата?

by Фокус

Кандидатите за градоначалници на Куманово – Оливер Илиевски од СДСМ и независниот кандидат Максим Димитриевски, имаа жесток предизборен дуел на ТВ 21.

Меѓу другото, тие се обвинуваа еден со друг во врска со цената на водата за пиење во Куманово, приложувајќи официјални документи.

Притоа, Димитриевски го праша Илиевски дали како директор на водостопанство барал поскапување на цената на водата.

-Дали вие го испративте овој документ?… Видете го, Оливер Илиевски пишува… Значи го имате ова испратено во Скопје, со барање до Регулаторна комисија, каде што барате двојно да им се покачи цената на кумановците за водата – рече Димитриевски.

Од друга страна, Илиевски ги отфрли таквите обвинувања и посочи дека цената е автоматски изведена од внесени трошоци.

Како што рече тој, тие ја намалиле цената од 6,4 денари по метар кубен на 3,2 денари.

-Додека ние ја намаливме цената и ви заштедивме милион денари, вие го задолжувате водоводното претпријатие со еден милион евра – возврати Илиевски.

Поврзани новости