Жерновски: Злобните духови од минатото се вратија во МВР

by fokus

Како вчера да беше тоа горчливо чувство во нашите утроби кога ја слушнавме Гордана Јанкулоска како ја кажува вистината за начинот на кој таа и нејзината партија раководеа и владееја со Министерството за внатрешни работи, односно кога ВМРО и МВР функционираа како едно, напиша заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски на својот фејсбук профил.

Не помина многу време оттогаш, додава тој, за да сфатиме колку брзо можат истите злобни духови од минатото да се вратат на истото место.

– Можно ли е во самата ДНК на партијата да е потребата од злоупотреба на државните институции за свои партиски цели? Како е возможно за толку кратко време да се случат низа на скандали, чиј крај не се ни гледа? Завчера беше „отсјајот” од рацете на телохранителите на Мицковски, вчера беше упадот во магацинот на Заеви од каде се донираат хуманитарните пакети, денес е скандалот со снимање спот со педесетина полициски возила, пишува Жерновски.

Сите тези, посочува тој, дека Министерството, односно партијата се грижи исклучиво за здравјето и безбедноста на граѓаните паднаа во вода.

– Сред пандемија и полициски час да ги повлечеш возилата и полициските службеници, да ги оставиш улиците на Скопје празни и небезбедни за да си снимаш реклами пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, без никакви дилеми е штетен и суициден потег за кој мора да се одговара, наведува Жерновски на ФБ.

Поврзани новости