Денеска падна конечна одлука наредниот пат да започне главната расправа што значи повеќе нема бегање и тоа е добра вест, вели градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски по одложувањето на рочиштето за нападите врз општината во 2013 година.
-Груески би влегол во новата ера, но со старото судство, односно со неговото судство. Она што го најавив во неколку прилики е тоа што обрачот се стега. Јас и сите останати очекуваме поради правдата во Република Македонија да започне овој предмет и да заврши како што треба, а тоа е да бидат казнети сите кои го организираа нападот. Насилниците мора да одговараат и да завршат таму каде што им е местото – вели Жерновски.
За овој предмет Апелациониот суд ја прифати жалбата на СЈО прислушуваните материјали да бидат употребени како доказ во кривичната постапка против Никола Груевски и останатите обвинети.