913
Министерството за надворешни работи на Македонија за нов македонски амбасадор во Швајцарија, Берн, го предлага Реџеп Демири, актуелен генерален конзул во Минхен. Предлогот е на ДУИ.
На предлог на СДСМ, Андреј Жерновски е можниот нов македонски амбасадор во Белград, Република Србија, објави МКД.мк, повикувајќи се на дипломатски извори.
Жерновски е дипломиран градежен инженер, а ова ќе му биде прва дипломатска функција.