Андреј Жерновски, градоначалникот на Центар најави дека нема учествува во трката за претседател на ЛДП, но дека ќе остане во битката против режимот на Никола Груевски.
„За време на моето претседателствување со ЛДП, од вонпарламентарна, станавме парламентарна партија, добивајки високи кандидатски места на пратенички листи на опозициската коалиција, додека победата во Општина Центар, стана симбол за пркосот на граѓаните кои му се спротиставија и на Пустец, и назаглавените лифтови во Капиштец, кажаа НЕ и на сите останати многу очигледни изборни манипулации на режимот на Груевски и ВМРО ДПМНЕ. Трите изборни круга на локалните избори беа првите јавни докази за спремноста на актуелниот режим да ја фалсификува волјата на гласачите. Моја одговорност сега е во рамките на ЛДП да иницирам дебата за стратешките правци за идното дејствување и токму во органите на партијата да одлучиме за концептот и да избереме човек кој најуспешно ќе го спроведе. Земајќи предвид дека одлучив да не се кандидирам повторно за претседател на ЛДП, чувствувам за потребно јавно да потенцирам, дека максимално ќе се залагам за концепт според кој ЛДП ќе продолжи и понатаму да дејствува како дел од опозицијата, може да прифатам дискусија за евентуален самостоен настап на ЛДП, ако тоа биде сериозно аргументирано, но никогаш нема да се согласам мојата партија, да коалицира со режимот на Груевски“ – изјави Жерновски.
До сега само Горан Милевски пројави амбиција за нов лидер на Либерално-демократската партија.