475
Специјалното јавно обивнителство објави дека сантата мраз, во која удри Никола Груевски, е токму изборниот криминал во Центар, изјави градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, откако СЈО соопшти дека отвори истражна постапка за изборен криминал под кодно име Титаник.
„Кривичните дела против гласањето, се почеток на криминализацијата на државата, рече Јанева. Не би можел повеќе да се согласам со ова. Телма веќе објави дека едниот уапсен во истрагата е Едмонд Темелко, градоначалникот на Пустец. Ова значи дека токму криминалот на изборите во Центар, со човечињата од Пустец ќе му пресудат на ВМРО и Груевски’“, напиша Жерновски на фејсбук.