Жерновски ќе поднесе кривична пријава против порталот „Република“

by Фокус

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски во понеделник планира да поднесе кривична пријава против порталот „Република“, кои денеска го објавиле текстот Жерновски, Пенов и Макрадули меѓу политичарите кои Телекомот ги потплатувал со два милиони евра“?

– Би сакал најостро да ги демантирам лагите изнесени во денешниот текст објавен во порталот „Република“ со наслов „Жерновски, Пенов и Макрадули меѓу политичарите кои Телекомот ги потплатувал со два милиони евра“? Повеќе од јасно е дека ваквите лаги се пласират со цел да се дефокусира јавноста од проектите кои ги реализира општина Центар. Очигледно ВМРО ДПМНЕ не може да се помири дека граѓаните се задоволни и даваат поддршка на работењето на општината, па со бесрамни лаги се обидуваат да го оттгргнат вниманието – истакна Жерновски.

 

Поврзани новости