Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски ја напуштил салата на Генералното собрание на ОН за време на говорот на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
-Ја напуштив салата на ОН за време на говорот на Иванов, бидејќи не сакаме и нема да дадеме легимитет на неговиот скандалозен настап, полн со манипулации, омраза и создавање непријатели. Отворениот повик за бојкот на референдумот и грубата злоупотреба на говорницата е, всушност, апел за самоизолација, но и крајна неодговорност кон сегашните и идни генерации.Македонија нема повеќе време за губење. Испраќајќи го во историјата и него и неговите ставови, продолжуваме со нашите пријатели и партнери од ЕУ и НАТО да ја градиме, заедно со и за граѓани, заедничката просперитетна иднина, напиша Жерновски на ФБ.
Тој пред неколку дена рече дека иако седел веднаш до претседателот Иванов во седиштето на ОН, тие не проговориле ниту еден збор.