Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, во вечерашната дебата на телевизија 24, истакна дека засега не гледа нови лица во ВМРО-ДПМНЕ, односно дека се уште владее груевизмот во оваа партија.
Покрај влезот во ЕУ и НАТО, битката на СДСМ, според Жерновски е победа на претстојните избори, а потоа и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ да се спаси од груевизмот внатре во партијата.
-Вие сте биле заменик министер во владата на Груевски, како вас да не ве поврзувам со груевизмот, исто како Ѓорчев, Милошески, какви нови лица на ВМРО-ДПМНЕ, истата политика е таа што не донесе до овде. Битката е конечна победа против груевизмот. Битката е во 2 фази, победа на овие избори и промени во ВМРО-ДПМНЕ, груевизмот ќе живее се додека оваа гарнитура е во врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Се надевам на нова структура која ќе расчисти со Груевски. Целиот тој концепт мора да доживее пораз, од меѓународната политика кога ги испуштивме сите брзи возови, до економскиот пустош. Тоа е нешто што мора да се случи на овие избори, засега нови ликови не гледам во таа партија, му се обрати Жерновски, на Тимчо Муцунски, секретар за надворешна политика на ВМРО-ДПМНЕ.
Жерновски вели дека доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт повторно ќе има кавга со соседите и изолирана држава.
-Моментално сме единствена држава во регионот која ги има затворено прашањата со соседите. Доколку се вратат ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе го гледаме филмот 11 години што уништуваше генерации. Како мислите да го поништите договорот од Преспа, а да влезете во ЕУ. 11 години стегање судии, буквално на сите на кои им се нарачуваат пресуди, и ВМРО-ДПМНЕ, ќе не повикува нас дали сме имале образ. За само 2 и пол години од целосна изолација, стигнавме до НАТО и Европската унија. Тоа е концептот кој ние го нудиме. Резултатите се, покачување на минималната и просечната плата, покачување на пензиите, вели Жерновски.