Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште по предметот на Специјалното јавно обвинителство за насилството во Општина Центар во 2013 година. Денеска се очекува сведочење на поранешниот градоначалник, Андреј Жерновски, кој за време на протестите пред Општината, добиваше закани од демонстрантите.
Со обвинението на СЈО опфатени се вкупно 14 лица, првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски, а веднаш зад него е екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, како и поранешната советничка во Центар, а актуелна пратеничка Даниела Рангелова.
Двајца од обвинетите веќе признаа вина, актуелниот советник на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, Томислав Лазаров, и поранешниот советник Јордан Ристевски. Во раздвоена постапка Лазаров и Ристевски добија условна шестмесечна казна, доколку во рок од две години не сторат друго кривично дело.