251
Членот на ИО на СДСМ, Андреј Жерновски откако ВМРО-ДПМНЕ го услови Извештајот на ЕК за напредокот на земјава на патот кон ЕУ како „извештајче“ упати критика кон премиерот Христијан Мицкоски.
„Еден толку битен за државата документ како Извештај на Европската комисија да се дрзнеш да го наречеш “извештајЧЕ”, треба да си незрело премиерЧЕ“, стои во пораката на Жерновски.
По објавата на годишниот извештај на Европската комисија, владејачката ВМРО-ДПМНЕ документот од Брисел го нарече „извештајче“, оценувајќи дека е дел од „политички условувања и притисоци“ и дека вакви и слични „извештајчиња“ ќе продолжат додека не се затвори спорот со Бугарија.