Со песната „Бакни ме за крај“ Симона Поповска настапи на фестивалот на забавни мелодии ,,Макфест”, кој се одржа викендов во Штип.
Пејачката која по професија е доктор, им се врати на настапите по паузата, но и на снимањето на нови материјали, а на фестивалот изненади со интересна креација, која имала посебна симболика.
-Статистички секоја четврта жена во светот е жртва на родово базирано психолошко насилство од страна на партнерот, а токму преку фениксот кој беше инспирација и за креацијата што ја носев на „Макфест“ сакав да ја испратам пораката што се појавува и на крајот од видеото – дека секој има свој пат и право да го изоди.
Секој треба и може да го разбуди фениксот во себе, кој всушност ја симболизира трансформацијата и обновувањето- вели Поповска.
Фестивалската песна е авторско дело на Горјан Стојановски, и за истата е снимен и видео запис.
Креацијата која претставува феникс ја изработил Златко Јовановски – ЈЗЈ.
-Доста одморав време е за настапи, по „Макфест“ каде имав побрза, да речам клупска песна, веќе се подготвувам за нова, ако сѐ оди како што треба за отприлика два месеци ќе промовирам нешто ново, истакна пејачката и дерматолог.
Таа се омажи пред пет години, и со сопругот имаат две деца, а поради мајчинството беше отсутна од цената одреден период.
Вики Клинчарова