Жените земјоделки ќе добиваат по 81 илјада денари како породилно отсуство

by fokus

Владата на Република Северна Македонија ја усвои Предлог Програмата за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност. Со оваа програма, за прв пат се решава правото на користење на надоместок за мајчинство за жените земјоделки, за време на спреченост на вршење на земјоделската дејност поради раѓање, кое право не е опфатено со прописите за платено породилно отсуство од областа на работните односи на вршителките на земјоделска дејност.

Како што информираат од Министерството за земјоделство, со усвојувањето на оваа програма, ќе започне реазлизацијата на посебна мерка за финансиска поддршка во износ од 81.000 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство.

Финансиска поддршка за  надоместок за мајчинство, како што наведуваат, ќе се доделува на жена регистриран индивидуален земјоделец која родила дете во периодот од 01.12.2022 до 01.12.2023 година и исполнува повеќе услови, помеѓу кои, да е запишанa во единствениот регистар на земјоделски стопанства  како носител или член на семејно земјоделско стопанство, семејното земјоделско стопанство во кое членува, да остварило финансиска поддршка согласно Програмата за финасиска подршка во земјоделството за 2021 година во износ од најмалку 100.000 денари или остварен приход од вршење на земјоделска дејност во висина од најмалку 300.000 денари и да има непрекинат статус на осигуреник Индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во времетраење од 12 месеци пред раѓање на детето.

Поврзани новости