Жените кои учествуваа на протестот пред МТВ се обидоа со бакнежи и прегратки за полицајците да упаднат во МТВ со цел да ја натераат телевизијата да ги емитува снимките од прислушуваните разговори на власта кои ги објавува опозицијата.
Тие на полицајците им делеа и цд-а на кои се снимени аудио разговорите. Сепак кордон специјалци не им дозволи на демонтрантите да ја запоседнат телевизијата. Походот на жените започна по повикот на Стојанчо Ангелов да се изврши окупација или ослободување на МТВ со цел јавниот сервис да почне да ги штити интересите на јавноста, а не на власта.
Откако кордонот ги спречи во намерата, граѓаните скандираа повици против владејачките партии и повикуваа на слобода на медиумите и независно новинарство. Претходно Ангелов пред насобраните ги пушташе аудио снимките од сите прес конференции на СДСМ ан кои јасно се слуша како власта управува со државата преку наместени избори, корупција, криминал и закани.
Во говорот Ангелов истакна дека луѓето од власта се монструми и ќе мора да завршат во затвор.
„Овие мноструми ќе ги гониме до крајот на животот, но кога тогаш ќе ги совладаме. Го чекам денот кога на снимките ќе го слушнаме Груевски како го продава името. Тоа ќе биде неговиот крај. Денес нема да се тепаме, нема да шириме омраза, туку со љубов ќе ги повикам дамите да одат во првите редови“- рече Ангелов.