Жени за првпат ќе гласаат на седница на бискупскиот синод во Ватикан

by Fokus

На жените ќе им биде дозволено за првпат да гласаат на седницата на бискупскиот синод на Римокатоличката црква, што почнува во Рим.

Во април, папата Франциско ги одобри измените на нормите кои го регулираат Архиерејскиот Синод, отворајќи го патот за жените да имаат 54 од вкупно 365 гласа.

„Ова е извонреден чекор напред за жените. Не само поради настаните од овој октомври во Рим, туку и поради тоа што црквата најде поинаков начин да биде црква“, изјави директорката на Светската женска опсерваторија, Марија Лиа Зервино.

На тринеделниот синод, кој ќе се одржи зад затворени врати, ќе учествуваат стотици делегати кои ќе се осврнат на некои од најгорливите прашања со кои се соочува црквата – од улогата на жената до свештеничкиот целибат и благословот на геј паровите.

Сесијата ќе заврши со гласање за конкретни предлози кои потоа ќе му бидат претставени на Папата на разгледување.

Поврзани новости