Жени танцуваат во знак на солидарност со финската премиерка

by Fokus

Иницијативата на жените од Финска по нападите врз Марин по објавувањето на видеа снимени за време на приватна забава.

Не стивнува полемиката против финската премиерка Сана Марин, откако на социјалните мрежи се прошири видео на кое таа танцува и се забавува за време на приватна забава. Но, сепак, покрај критиките, се множат и зборовите за поддршка и одбрана на премиерката на Финска, Марин.

Девојки и жени од Финска и од Данска во последните неколку часа на своите социјални профили објавуваат видеа од танцување и забава, исто како премиерката Марин. А финската премиерка е означена во различните објави придружени со натпис: „Солидарност со Сана“.

Поврзани новости