Жени спасени од камион ладилник во Франција откако се јавиле на новинарка на Би-Би-Си

by Fokus

Шест жени беа спасени од камион ладилник во Франција, откако панична СМС порака од новинарка на Би-Би-Си предизвика избезумена потрага. Жените, од кои четири се виетнамски државјанки, а две се од Ирак, поминале повеќе од 10 часа во тесен простор, опкружен со кутии со банани, надевајќи се дека ќе стигнат до Велика Британија или Ирска, јавува Би-Би-Си.

Кога сфатиле дека камионот оди во спротивен правец, почнале да паничат. Температурата во камионот била многу ниска, што го зголемило чувството на страв. Во потрага по помош, една од нив успеала да стигне до новинарка на Би-Би-Си во Лондон.

-Толку е ладно, дува, напишала жената на новинарката Куе Лу преку СМС пораки. Таа рече дека вратата од камионот била затворена со железна шипка и тие биле заробени внатре.

Жената и испратила на Лу две кратки видеа на кои се гледа просторот преполн со кутии, оставајќи само неколку десетици сантиметри простор за да седнат. На едно видео можеше да се слушне жена како вели на англиски: Не можам да дишам.

Таа можеше да ја обезбеди нејзината ГПС локација, што и овозможи на Лу да утврди дека камионот е на автопатот Е15 во близина на Драче, северно од Лион.

Поврзани новости