Жени и деца од Авганистан ќе бидат прифатени во Македонија

by Fokus

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска беше запрашан за можното прифаќање на цивилно население од Авганистан, земја во која има многу немири.

Како што истакна тој, нашата земја е подготвена да излезе во пресрет и да им се помогне на цивилите, кои очајно го бараат спасот надвор од нивната земја.

„Разговарано е шест лица, жени и деца, да бидат прифатени во Северна Македонија. Како ќе има вакви барања, ќе се направат проценки и ќе се прифатат во државата привремено додека не се смири ситуацијата во Кабул“, кратко истакна Османи.

Поврзани новости