12
На 21.11.2024 во 18.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(19), удрило во Н.П.(69), двете од Скопје.
Од здобиените повреди на местото на настанот починала Н.П., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со телесни повреди се здобила А.Џ., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
По наредба на јавен обвинител телото на почината било дадено на обдукција. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.