Жената која утрово се јавила на Инфективна, нема корона вирус

by fokus

Министерството за здравство информира дека негативни се резултатите на корона вирус кај пациентката која утрово се јавила со знаци на респираторна инфекција на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Пациентката патувала во критичниот регион на Северна Италија и влегла на 26 февруари во земјава.

-Засега нема нов случај на заразен со корона вирус. Единствената пациентка којашто се лечи на инфективната клиника е во добра општа состојба, соопштуваат од Министерството.

Поврзани новости