853
Наташа Димитриевска, која ги загуби сопругот и бебето во сообраќајката кај „Млечен ресторан“ се огласи денеска и го сподели одговорот на Советот за јавни обвинители, по жалбата која ја поднесе.
-Пак сум на операција на ногата, а денес добив одговор од Совет на ЈО дека ЈО Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска постапувала правилно и по закон. Е па пријатели официјално кажувам немаме правна држава и сите тие се штитат меѓу себе, напиша Димитриевска.
Советот на јавни обвинители во одговорот вели дека нема да преземе никакви дејствија за обвинителката Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска, бидејќи постапила според закон.