359
Една жена загина во пожар во Ковачица во Србија, кој избувнал откако гром удри во дрво, соопшти Полициската управа Панчево.
Според нив, гром удрил во дрво покрај куќата и пожарот се проширил на куќата. Жената се обидела да го изгасне пожарот, но вдишила јаглерод моноксид. Лекарските екипи можеле само да констатираат смрт на жената.
Во разорното невреме што го зафати Нови Сад, дете (12) настрада од струен удар.