Италија денеска ја зафати бура слична на онаа што беснееше во Словенија, Хрватска, Србија, а вчера во полесна форма и Македонија. Во невремето проследено со силен дожд, град и ветер една жена го загуби животот откако врз неа паднало дрво.
Најпогодена била областа Ломбардија, а на телефоните на регионалната противпожарна служба во Милано примиле повеќе од 100 повици од вознемирени граѓани кои пријавиле дека налетите на ветерот кршеле и корнеле дрвја.
Maltempo ⛈️, nuova bufera con grandine e forti venti su Milano, Monza e Brianza. Nel capoluogo lombardo chiusa la metro M2 per caduta di alberi, Trenord: “Numerosi danni e guasti a causa del maltempo”.#Lombardia #Milano #monza #trenord #brianza #maltempo pic.twitter.com/8EEVFSmIHO
— Libera_informazione_official (@Libera_Info20) July 24, 2023