На регионалниот пат Прилеп-Кичево, кај местото викано „Барбарас“ вчера во 15.30 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски таблички, управувано од А.С. (45) од Прилеп и товарно возило со прилепски регистарски таблички управувано од Б.Р. (49) од село Големо Коњари, прилепско, информираа од МВР.
Според полицијата, во незгодата со тешки телесни повреди (скршеница на карлица и повреди на главата) се здобила сопатничката во патничкото возило „пасат“, А.Е. (42) од Прилеп и по укажана лекарска помош во Медицински центар-Прилеп поради сериозноста на повредите е пренесена во Клиничкиот центар во Скопје, додека пак возачот на „пасатот“ А.С. во незгодата се здобил со скршеница на десна надколеница и е задржан на лекување во Медицинскиот центар Прилеп.
Со телесни повреди се здобиле и возачот на товарното возило Б.Р. како и неговите сопатниците, Б.Г. (35) и К.З. (46) двајцата од Горно Коњари.