Жена тешко повредена во несреќа со електричен тротинет – возачот избегал

Жена тешко повредена во несреќа со електричен тротинет – возачот избегал

by Fokus

На 03.06.2025 околу 14:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на крстосница од ул.„121“ и бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, електричен тротинет удрил во пешакот Е.М.(53) од с.Добарце, тетовско, по што лицето кое го управувало го напуштило местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.М., констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

Поврзани новости