40
Жена е повредена на избирачко место во Русија откако, како што пренесуваат медиумите, подметнала огномет во тоалетот на избирачкото место.
Скајњуз, повикувајќи се на руски медиуми, пренесува дека жената изгубила дел од раката.
Инцидентот се случил на избирачко место во Перм, а повредената жена има 64 години.
Надлежните потврдија дека на избирачкото место имало експлозија и дека една жена се здобила со повреди на раката. Никој друг не е повреден во инцидентот.
На жената и била укажана лекарска помош.