На бројот за итни случаи 112 во ЦУК, вчера е добиена порака дека на врвот на Водно кај жичницата, останале лица кои барале помош. Жена со две малолетни деца задоцниле на последното возење. Жичницата повеќе не работела и темницата веќе не им дозволувал да се движат безбедно, а немале и не знаеле друг начин за да се симнат надолу кон Средно Водно, повикале помош.
Од страна на Регионалниот ЦУК Скопје, веднаш било стапено во контакт со одговорното лице од ЈСП Скопје и е добиена информација дека жичарата веќе е затворена и дека не може повторно да се активира.
„Дежурните од Секторот за операции и координација во ЦУК, биле во постајана комуникација со госпоѓата, со генералниот секретар на Црвениот Крст и со други можни субјекти коишто можат да помогнат при вакви ситуации. Согласно ситуацијата, а и можности за помош, по куса координација, била решена ситуацијата со задоцнетите посетители на врвот на Водно над Скопје“, велат од ЦУК.
Со службен џип на Армијата, којшто бил во околината, тие биле пронајдени и превезени до нивното возило на Средно Водно.