Жена се породи во ресторан на планина во Храватска во Националниот парк Пакленица

by Fokus

Хрватската планинска спасувачка служба денес и помогна на жена да се породи во објект во Националниот парк Пакленица.

„Денеска во 14 часот и 51 минути, нашите дежурни спасувачи добија пријава за породување во објектот Лугарница во Националниот парк Пакленица. Пред пристигнувањето на екипата на ХГСС, млада странска државјанка со помош на работници од Националниот парк родила девојче“,  се наведува во соопштението.

Од Хрватската планинаска спаскувачка служба велат дека мајката и новороденчето безбедно се префрлени во кањонот, каде и се предадени на екипа на Итна помош.

„Комуникацијата за време на акцијата беше отежната поради немањето мобилен сигнал. Вклучени се 7 членови на ХГСС, екипа на Итна медицинска помош и лекар. Посебно сакаме да ја истакнеме соработката со работниците на НП Пакленица“, соопшти  ХГСС.

Поврзани новости