Жена се породи под мост во Прилеп!

by fokus

Доцна синоќа прилепчани ги воземири веста дека жена сама се породила под мостот во градот, каде што живеела. Од речното корито нејзе и нејзиното бебе ги извадила екипа на противпожарната служба, а била присутна и екипа на итната медицинска помош.

Според граѓаните, станува збор за Ромка која живеела под мостот, и иако во поодмината бременост, до последен миг работела и се трудела да спечали за живот.

Како се дозволило жената да не биде згрижена и да биде препуштена сама на себе, да живее како бездомничка иако очекувала принова е актуелно прашање во јавноста, по настанот.

Од кабинетот на градоначалникот Борче Јовчески за ,,Фокус” велат дека се запознати со случајот.

Околу тоа дали на жената ќе и се помогне, односно дали општината ќе обезбеди сместување за неа и за новороденчето, велат дека е во план соодветна акција.

Од општината ќе има акција по повод настанот, но се уште не е дефинирано што конкретно ќе се преземе. Ќе информираме дополнително кога ќе ги имаме деталите – појаснија.

На прашањето дали бебето и мајката се во добра состојба, од кабинетот појаснија дека немаат информација.

В.К.

Поврзани новости