Жена пронајдена мртва, сопругот тврдел дека биле на гости и ѝ се слошило

by fokus

Вчера утрината во полициската станица во Ресен пристигнала пријава од Јавната здравствена установа Ресен дека 55-годишната В.К. од селото Јанковец била пронајдена почината во куќа на жител на селото со иницијали П.Х. Врз телото на жената ќе биде извршена обдукција за да се утврди од што починала.

Од полицијата велат дека веднаш по пријавата излегле на местото и извршиле разговор со сопственикот на куќата и со нејзиниот сопруг К.К.

„Според нивните изјави, на 17 мај 2019 година во вечерните часови сите заедно отишле во куќата на П.Х. и околу 22.30 и е слошило, по што легнала и најверојатно во текот на ноќта починала. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Ресен. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција“, соопштија од МВР.

Поврзани новости