Жена преживеала со 8,6 промили алкохол во крвта

by Fokus

Жена од Чешка, од градот Ухерско Храдиште испила толку многу алкохол во локалниот локал што колабирал.

Кога пристигнала брзата помош, сите биле зачудени, бидејќи алкотестот покажал енормни вредности.

Таа е пренесена во болницата во Кромјержиж, каде е задржана на одделението за интензивна нега. Тогаш инструментите измериле неверојатни 8,6 промили алкохол во крвта.

Треба да се напомене дека четири промили е таканаречената горна граница на подносливост, додека се верува дека пет промили може да предизвикаат клиничка смрт, пишува списанието „Феникс“.

Затоа е шокантно што жена преживеала со 8,6 промили и тоа секако е медицински феномен, односно неславен рекорд во пијанство.

Кога се освестила, агресивно комуницирала со медицинскиот персонал од болницата.

Според едно истражување, една петтина од Чесите пијат премногу алкохол или се зависни од него. Сепак, во последните години има промена во трошењето.

Според локалните медиуми, наместо пиво и жестоки пијалоци, во баровите се почесто се служи пенливо вино.

Поврзани новости