Жена прегазена од автомобил во скопски Чаир

by Fokus

МВР информира дека вчера во 13.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Благоја Паровиќ“ и ул.„Џон Кенеди“ во Скопје патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А. од Скопје, удрило во Н.Х.(65) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Х., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости