Жена паднала во автобус на ЈСП: тешко повредена итно била пренесена во болница

by Fokus

84-годишна жена паднала во автобус на ЈСП и се повредила, поради што итно била пренесена во болница.

„На 03.03.2024 во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП на бул.„Видое Смилевски Бато“ паднала патничката Н.Ј.(84) од Скопје, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“ соопшти МВР.

Поврзани новости