Жена останала 15 часа заробена на жичница во текот на ноќта, во ски-центар во Калифорнија.
Моника Ласо влегла во гондолата во ски-центарот на езерото Тахо околу 17 часот, откако била премногу уморна за да се спушти со сноуборд по планината. Одеднаш, две минути по влегувањето во гондолата, таа застанала и Моника останала заробена во воздухот.
Таа рекла дека врескала секој пат кога ќе видела луѓе под неа, но тие не ја слушале, а немала телефон за да повика помош.
„Очајно врескав додека не го изгубив гласот“, рече таа.
Жената ја поминала ноќта триејќи ги рацете и нозете за да се загрее бидејќи надвор било -5 степени.
Пријателите го пријавиле нејзиното исчезнување во Канцеларијата на шерифот во Ел Дорадо, но таа била пронајдена дури следното утро кога гондолата повторно започнала да работи и вработените сфатиле дека жената била таму цела ноќ.
Од скијачкиот центар соопштија дека истражуваат како се случил инцидентот.