785
Жена од велешкото село Бузалково е младата жртва која се најде во денешната статистика на починати од Ковид – 19.
Од Министерството за здравство велат дека триесет и петгодишната жена се лекувала во Инфективната болница во Скопје и немала коморбидитети.
Други информации засега како починала жената нема. Меѓу починатите од корона изминативе месеци имаше и дваесет и седумгодишно момче од Битола, трудница на истата возраст, но починаа и други млади пациенти.
Во денешната статистика има тројца починати заразени со новиот вирус и 103 нови случаи.