621
Две девојки на 23 и 24 години пријавиле дека 37 годишна жена физички ги нападнала откако претходно се расправале со нејзиниот сопруг. Причина за расправијата била сообраќајна незгода.
-Во СВР Тетово вчера Б.О.(24) од тетовско Нераште и А.С.(23) од тетовско Слатино во СВР Тетово пријавиле дека околу 15 часот во Нераште физички биле нападнати од 37-годишната В.Т. од ова село, откако претходно вербално се расправале со нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Тетово.